Скопје

​Ѓорѓиевски: Новите урбанистички решенија во Кисела Вода се во согласност со барањата и потребите на граѓаните

​Ѓорѓиевски: Новите урбанистички решенија во Кисела Вода се во согласност со барањата и потребите на граѓаните

Во темните работи од минатото, во донесените урбанистички планови од пред петнаесет, дваесет години не можеш да интервенираш многу по сила на закон, но она што можеше го направив, а тоа е новите решенија да се во согласност со барањата и потребите на граѓаните. Во Скопје јас сум пример како може да се почитува волјата на граѓаните, поради тоа што во Црниче и Пржино од кога сум дојден за градоначалник, пред околу 3 години и еден месец, нема ниту еден објект со повеќе од 4 станбени единици и предлогот за ДУП за Расадник што предвидуваше 99 згради, го поништивме. Тоа ќе беше груба бетонизација, што ќе предизвикаше проблеми не само во Кисела Вода, туку и во Центар и во сите останати општини во Скопје.

Oва го изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување на Топ Тема, потсетувајќи дека за идејниот лик на ДУП-от за Расадник, прв пат после скопскиот земјотрес, Кисела Вода распиша Меѓународен конкурс и беше избрано решение на најтранспарентен начин.

Во поглед на зеленилото, кое е пропишано со закон, илустрираше со податокот дека во Кисела Вода, покрај пругите, во 11 Октомври Бараки, општината гради паркова содржина на повеќе од 70 000 квадрати.

To top