Скопје

​Ѓорѓиевски: Нови 60 дечиња ќе се згрижат со проширувањето на градинката „Весели Цветови”

​Ѓорѓиевски: Нови 60 дечиња ќе се згрижат со проширувањето на градинката „Весели Цветови”

Дел од градинката „Сончоглед” која беше дадена на користење на Центарот за социјални работи, се враќа во владеење на Општина Кисела Вода.

Малиот број на деца кои го посетуваа Центарот за деца од улица, ќе бидат префрлени на друго место, а објектот по реконструкцијата што следи, ќе биде градинка која што ќе може да прими 60 деца.

-Со задоволство сакам да информирам дека Општина Кисела Вода добива нови 60 места за сместување на деца во градинките. Конкретно, објектот “Сончоглед” при ЈДГ “Весели Цветови” добива проширување, бидејќи го вративме просторот што беше даден на користење за Центар за деца од улица. Со оглед на тоа што тука доаѓа многу мал број на деца, побаравме од Центарот за социјални работи за нив да обезбеди нова локација, а ние како општина прво овој простор ќе го реконструираме, а потоа ќе го претвориме во градинка за околу 60 дечиња. Ова е мошне значаен чекор во нашите напори да ги затвориме наследените листи на чекање на кои имаше 450 деца. Во таа насока е и целата моја досегашна работа, од која за неполни три години, колку што сум јас градоначалник, успеавме да отвориме две нови градинки и значително да ги прошириме капацитетите на постојните објекти.

Во овој момент, уште две градинки се во процес на изградба. Едната градинка е во фаза на изградба, а за втората се обезбедени средства и е изготвен проектот. Нашата општина продолжува интензивно да работи на надминување на сите предизвици и создавање дополнителен простор за упис на деца во градинка. Целосно сум сигурен дека ќе го исполнам она што го ветив и дека многу скоро целосно ќе се елиминара чекањето за место во градинка за нашите деца. Оттука, сакам искрено да се заблагодарам на Центарот за социјални работи за нивната соработка и разбирање. Нивниот позитивен одговор на барањето што им го упативме е мошне важен за реализација на нашите планови за подобрување на условите за најмладите во општината-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

To top