Скопје Ден на Француската Република

Ѓорѓиевски: Нашата соработка е мост на пријателство кој ќе продолжиме да го јакнеме

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изрази благодарност до францускиот амбасадор во Македонија Кристоф Ле Риголер, што беше дел од овој прекрасно организиран настан.

Ѓорѓиевски: Нашата соработка е мост на пријателство кој ќе продолжиме да го јакнеме

Градоначалникот на oпштина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше на цвечен настан по повод 14- Јули – Ден на Француската Република.

-Денес се одбележува 14 Јули – симбол на државноста, на вековната борба за слобода, еднаквост и братство. Франција е наш пријател и партнер, со кој споделуваме заеднички вредности и визија за демократски, праведни и просперитетни општества, истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изрази благодарност до францускиот амбасадор во Македонија Кристоф Ле Риголер, што беше дел од овој прекрасно организиран настан.

-Нашата соработка е мост на пријателство кој ќе продолжиме да го јакнеме, во интерес на граѓаните и на заедничката европска иднина, истакна Ѓорѓиевски.

To top