Скопје ЗЕЛС

Ѓорѓиевски на средба со Шабан Салиу: Унапредување на човековите права и секојдневието на Ромите, е наш приоритет

Ѓорѓиевски истакна и дека неговите заложби за унапредување на човековите права и подобро секојдневие на сите граѓани во Македонија, со несмалено темпо ќе продолжат и во иднина.

Ѓорѓиевски на средба со Шабан Салиу: Унапредување на човековите права и секојдневието на Ромите, е наш приоритет

Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, денес оствари работна средба со Шабан Салиу, министер задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, на која една од клучните теми беше реализирање на идни капитални и инфраструктурни проекти низ државата, особено во населените места каде што живее ромско население.

Ѓорѓиевски истакна и дека неговите заложби за унапредување на човековите права и подобро секојдневие на сите граѓани во Македонија, со несмалено темпо ќе продолжат и во иднина.

Денес, во просториите на Владата на Република Македонија остварив работна средба со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу. Она што беше тема на оваа средба со почитуваниот министер, е досегашните имплементирани мерки и проекти, но и идни реализации на капитални и инфраструктурни зафати насекаде во Република Македонија, со акцент на населените места каде што живее ромско население.

Ги истакнавме и нашите заеднички заложби за унапредување на човековите права, но и за подобрување на секојдневието на сите категории граѓани, особено на Ромите на целата територија на Република Македонија.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во иднина, будно ќе ја следиме имплементацијата на активностите што ќе бидат спроведени од страна на локалните самоуправи и ќе се заложиме за уште поголемо унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани на Македонија – изјави Ѓорѓиевски.

To top