– Повторно денес Кисела Вода е центар на Европа! Ми беше чест да го отворам Меѓународниот карате турнир ,,Фунакоши Опен” кој се одржува во Кисела Вода, а го организира карате федерацијата на Македонија и клубот ,,Фунакоши Гичин”. Дека е квалитетен турнир, говори и фактот што денес нашата општина е домаќин на повеќе од 500 гости од десет различни држави кои ќе се натпреваруваат во оваа јапонска боречка вештина која што освен влијае на правилниот физички развој на младите, придонесува и за самоконтрола и практична воздржаност. Ме радува и што овој турнир привлече големо внимание, но и афирмација на македонскиот карате спорт како и на нашата општина домаќин. Како градоначалник, секогаш ќе го поддржувам спортот во Кисела Вода бидејќи е здрав начин на живот и силен промотор на нацијата-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски посакувајќи им на сите натпреварувачи фер борба и успех.
