Скопје Општина Ѓорче Петров

(ФОТО) Стојкоски: Целосно се обновени тоалетите во ООУ „Ѓорче Петров“

Образованието го градиме со дела, а училиштата ги унапредуваме со визија, додаде Стојкоски.

(ФОТО) Стојкоски: Целосно се обновени тоалетите во ООУ „Ѓорче Петров“

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски изврши увид на градежните активности во ООУ Ѓорче Петров. Зимскиот распуст е искорисен паметно – за конкретни подобрувања во општинските училишта.

Направена е целосна реконструкција на училишните тоалети, има нов тоалет со целосен пристап за лица со телесна попреченост и извршена е замена на системот за греење во спортската сала со цел за подобри и поквалитетни услови за спорт и рекреација, изјави Стојкоски.

Градоначалникот истакна дека континуирано се инвестира во безбедни, достоинствени и современи услови бидејќи грижата за учениците и наставниот кадар е наша трајна обврска, не кампања.

– Образованието го градиме со дела, а училиштата ги унапредуваме со визија, додаде Стојкоски.

🙋 ЦЕЛОСНА ОБНОВА НА ТОАЛЕТИ ВО ООУ Ѓорче Петров

Зимскиот распуст го искористивме паметно – за конкретни подобрувања во…

Posted by Александар Стојкоски on Четврток, 15 јануари 2026

To top