Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска напладне ќе се одржи фолклорната манифестација „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“. На манифестацијата, што се одржува под покровителство на Општина Ѓорче Петров, три години по ред по седум детски ансамбли од културно-уметничките друштва го презентираат богатото фолклорно наследство.
Како што велат од Општината, целта на манифестацијата е да се поттикне интересот кај најмладите за негување и зачувување на македонската традиција.
На годинашнава манифестација ќе учествуваат членови од детските ансамбли на: КУД „Гердан од бисери“ – Охрид, Ансамбл „Керамичар“ – Велес, КУД „Димитар Беровски“ – Берово, Ансамбл „Орце Николов“ – Скопје, Ансамбл „Јонче Христовски“ – Скопје и ЕФЗ „Седум осмини“ од Скопје.
Манифестацијата е во организација на Едукативното фолклорно здружение „Седум осмини“ од Ѓорче Петров и е дел од одбележувањето на „Денови на Општина Ѓорче Петров“.