Скопје технички зафати во дистрибутивните мрежа

Делови од Скопје утре без струја и без вода

Дел од корисниците од улицата „Јадранска магистрала“, поточно објектите во околината на фирмата „Виндија“ во населбата Взбегово утре од 8:00 до 15:00 ќе останат без напојување со електрична енергија поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа што ќе ги спроведуваат екипи на ЕВН Македонија АД.

Делови од Скопје утре без струја и без вода

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради отстранување дефект на водоводна мрежа, на улицата „Никола Русински“ бр. 2, од 9:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица во општина Карпош.

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа во село Ракотинци, пак, од 9:00 часот до завршување со интервенцијата без вода ќе бидат жителите на селото Ракотинци во општина Сопиште.

To top