Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради отстранување дефект на водоводна мрежа, на улицата „Никола Русински“ бр. 2, од 9:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица во општина Карпош.
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа во село Ракотинци, пак, од 9:00 часот до завршување со интервенцијата без вода ќе бидат жителите на селото Ракотинци во општина Сопиште.