Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, известува дека, на ден 06.03.2024 година (Среда) поради планирани зафати во водоводната мрежа без вода ќе останат следниве корисници :
• поради реконструкција на водоводна мрежа ф-110 мм на ул. 7/бб во Љубанци , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Љубанци, односно ул. 1 и ул.7. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
• поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-80 мм на ул. Струшка 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на ул. Струшка и дел од ул. Јуриј Гагарин .Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
• поради дефект на огрлица на ул. Миле Попјорданов 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)