Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека на ден 24.09.2024 (вторник) :
Поради дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150 мм во парк шума Гази Баба, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 16-та Македонска Бригада , Трифун Хаџијанев, Ташко Караџа, Христо Ботев, Јани Лукровски и дел од Бапчор (Општина Гази Баба).
Поради изведување на водоводен приклучок -80 мм на ул. 9-ти Мај прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици : 9-ти Мај, Христо Смирненски, Петар Попарсов, Костурски Херои, дел од бул. Теодосие Гологанов и Борка Талевски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности (Општина Центар).
Најавениот прекин во водоснабдувањето, зa 23.09.2024, односно санацијата на дефект на ул. Франклин Рузвелт 60 , поради технички причини се ОДЛОЖУВА за 24.09.2024. Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Франклин Рузвелт и потегот од Орце Николов до бул. Партизански Одреди од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот (Општина Центар).