Скопје ЈП Водовод и канализација - Скопје

Делови од Центар и Аеродром без вода

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности.

Делови од Центар и Аеродром без вода

Поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм на улица „Франклин Рузвелт“ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, односно на потегот од улиците „Орце Николов“ до „Благој Давков“ во општина Центар.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.

Поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улица „Венијамин Мачуковски“ бб во општина Аеродром, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности.

Најнови вести од Скопје

To top