Скопје

Делови од Аеродром, Карпош и Центар утре без струја

Делови од Аеродром, Карпош и Центар утре без струја

Делови од општините Аеродром, Карпош и Центар, утре ќе останат без струја, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

– Од „ЕВН Македонија“ АД добивме известување дека утре без електрична енергија во периодот од девет до 12 часот, ќе останат корисниците од улицата „Борка Талески“, спроти грчка Амбасада, дел од улицата „Никола Тримпаре“, од грчка Амбасада до Евангелистичка црква, дел од улицата „Дебарца“, од Евангелистичка црква до улицата „Ленинова“, дел од улицата „Ленинова“ во општина Центар, се наведува во соопштението на РЦУК – Скопје.

Без струја утре од девет до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од Долно Лисиче, како и од улиците „10“ и „12“ во општина Аеродром, а во периодот од девет до 12 часот пак, корисниците од дел од улицата „4“ број 235, Бардовци, општина Карпош.

To top