Поради дефект на улица „Вамбел“ во населба Железара, без вода од 12:10 часот се корисниците од улиците „Јани Лукровски“, „Лазар Поп Трајков“, „Ташко Караџа“, „Христо Ботев“ и „Трифун Хаџи Јанев“, соопшти Водовод и канализација – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.