Поради уличен дефект на улицата „4“ во Усје, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица, информираа утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Оттаму нагласија дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.