Поради водоводен дефект на улицата „Финска“ крак 2 број 60, прекинато водоснабдување имаат корисниците од населбата Маџари, хотел „Белви“ и со намален притисок ќе бидат корисниците од населба Хиподром, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Засегнатите ќе бидат без вода за пиење до завршување со работните активности.