Поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 150 милиметри на улицата „Ристо Равановски“ бр.12 утре од 9:00 часот без вода ќе останат корисниците од улиците „Ристо Равановски“ и „Атинска“ во општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, корисниците ќе бидат без водоснабдување се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не завршат со активностите за изведување на водоводниот приклучок.