Без вода утре од 9 часот ќе бидат дел од жителите на општина Карпош, лоцирани на улица „Никола Русински“ број 2.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Никола Русински“ број 2.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато додека не се санира дефектот.