Скопје ЈП „Водовод и канализација - Скопје

Дефект на водоводни цевки на неколку скопски улици, се работи на нивна санација

Водоснабдување ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектот.

Дефект на водоводни цевки на неколку скопски улици, се работи на нивна санација

Од ЈП „Водовод и канализација – Скопје информираат дека поради дефект на приклучна цевка (скината цевка од странка/фирма) на улицата „Гемиџиска“ 38а прекинато водоснабдување утрово од 9 часот имаат корисниците од истата улица и дел од ул. „Филип Филиповиќ“. Водоснабдување ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектот.

Поради уличен дефект ф-80 мм на ул. „Бутелска“ 17/6, како што се наведува во соопштението, прекинато водоснабдување утрово од 9:15 часот имаат корисниците на дел од ул. „Бутелска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на санација на дефектот.

Најнови вести од Скопје

To top