Скопје Случајот е веќе пријавен во полиција

Брутално уништен паркот „Бановина“: Најстрога осуда за вандалскиот чин (ФОТО)

Паркот „Бановина“ неодамна беше целосно обновен, со нова, современа урбана опрема за уживање на сите генерации. Наместо грижа и почит, сведочиме на несовесно однесување и уништување.

Брутално уништен паркот „Бановина“: Најстрога осуда за вандалскиот чин (ФОТО)

Општина Аеродром најостро го осудува синоќешниот вандалски чин во паркот „Бановина“, каде што беше брутално уништена заедничката сопственост на сите граѓани.

Искршена е урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа.

Паркот „Бановина“ неодамна беше целосно обновен, со нова, современа урбана опрема за уживање на сите генерации. Наместо грижа и почит, сведочиме на несовесно однесување и уништување.

Ваквите постапки нема да бидат толерирани, а случајот е веќе пријавен во полиција.

-Општина Аеродром упатува апел до граѓаните: да го чуваме она што е наше, да пријавуваме вандализам и да покажеме дека сме зрела и одговорна заедница. Само така можеме да имаме уредена, безбедна и достоинствена општина, велат од општината.

To top