Без вода за пиење утре ќе останат неколку делови од општините Бутел и Центар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Според известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, поради дефект на улична цевка на улицата „Рајко Жинзифов“ без број – раскрсница со „Киро Крстевски Платник“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од осум часот за дел корисници. Без вода ќе бидат делови од улиците „Киро Крстевски Платник“ и „Шумадиска“ во општина Центар.
Поради дефект во општина Бутел, корисниците од комплексот „Вива фреш“, касарната „Илинден“ и улицата „Македонско – косовска бригада“ крак 11, ќе останат без вода од девет часот.
Корисниците ќе бидат без вода за пиење сѐ до завршување на работните активности.