Без вода за пиење ќе останат утре дел од корисниците во општина Центар, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ била добиена информација дека прекинато водоснабдување ќе имаат корисници на делови од „Тодор Александров“ и „Партение Зографски“.
Како што се појаснува во соопштението, причината е поврзување на нова водоводна мрежа на крстосницата од „Тодор Александров“ и „Периша Савелиќ“.
Прекинот во водоснабдувањето е најавено од девет часот па сè до завршување со работните активности.