Без вода во текот на утрешниот ден ќе останат корисници од општина Карпош, соопшти вечерва Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Според известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, утре ќе се санира дефект на водоводна мрежа на улицата „Копенхагенска“, крстосница со „Стокхолмска“ во населба Тафталиџе.
Како што е најавено, од 11:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Копенхагенска“, „Стокхолмска“, „Софиска“, „Његошева“, „Гаврил Лесновски“ и „Петар Драганов“ во општина Карпош.