Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат корисниците од населбите Маџари и Хиподром во Општина Гази Баба.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач ф-100 мм на ул. „Жан Жорес“ бр.129.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.