Скопје ЈП „Водовод и Канализација“

Без вода повеќе улици во Карпош 3

Без вода повеќе улици во Карпош 3

Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат повеќе улици во Карпош 3, поради замена на затворачи од водоводна мрежа на улица „Љубљанска“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје, прекинато водоснабдување до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од улиците „Волгоградска“, „Разловечко востание“, „Воденска“, „Невеска“, „Трифун Бузлев“, „Желево“ и комплексот Сити мол.

To top