Поради дефект на улицата „Боривое Милошевски“ број 61, без вода се корисниците од неколку улици, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Станува збор за улиците „Боривое Милошевски“, „Вера Радосавлевич“, „Димче Милошевски“ и дел од „Перо Наков“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата.