Скопје

Без вода неколку улици во Автокоманда

Без вода неколку улици во Автокоманда

Поради уличен дефект на 16-та Македонска Бригада бб (парк Шума Гази Баба), денеска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците 16-та Македонска Бригада, Јани Лукровски, Ташко Караџа и Трифун Хаџијанев, во скопската населба Автокоманда.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санација на дефектот.

To top