Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Коста Новаковиќ“ во скопската општина Аеродром, без вода во моментов се објекти на дирекцијата на „Макпетрол“, „Македонски шуми“ и маркет „Зур“, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од претпријатието додаваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.