ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на ул. „Иван Наумов- Алабакот“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од повеќе улици во населба Маџари.
Без вода ќе останат корисниците од улиците „Иван Наумов-Алабакот“, делови од „Благоја Стефковски“ и „Маџари“, „Ордан Попјорданов“, „Жан Жорес“, „Пехчевска“ и од „Валандовска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:45 часот до завршување со санација на дефектот.