Скопје

Без вода комплексот „УКИМ“, струја ќе нема во делови од Аеродром, Илинден, Карпош, Петровец, Сопиште

Без вода комплексот „УКИМ“, струја ќе нема во делови од Аеродром, Илинден, Карпош, Петровец, Сопиште

Во текот на денов без вода ќе бидат корисниците на комплексот „УКИМ“, а струја ќе немаат делови од општините Аеродром, Илинден, Карпош, Петровец, Сопиште, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

– Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ има известување дека денеска, поради уличен дефект на булеварот „Гоце Делчев“ број 9, во близина на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на комплексот „УКИМ“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот, до завршување и отстранување на дефектот, се појаснува во соопштението.

Од „ЕВН Македонија“ АД добиено е известување дека, како што се појаснува, поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници од неколку општини.

Во период од девет до 13 часот, булеварот „Партизански одреди“ зграда број 64, влез 1 и 2, општина Карпош.

Од 12 до 13.30 часот, ХЕЦ Маркова Река, општина Сопиште. Од девет до 10.30 часот, селата Јаболци, Нова Брезница, Дражилово, Осинчани, Малчиште, Црн Врв, Елово, Патичка Река, каменолом Беровиќ и каменолом Рудопроект. Од 10.30 до 12 часот, селата Говрлево, Долно и Горно Соње, Чифлик, Света Петка, Барово и дел од село Сопиште.

Од осум до 08.45 и од 15 до 15.30 часот, село Катланово, индустриски објекти на автопатот за Катланово, Катлановска Бања, Летевци, Градманци и Брезница, општина Петровец.

Од осум до 15 часот, корисниците од улиците „Димитар Благоев“, „Божидар Рајковиќ“, дел од булеварот „12. Македонска бригада“, „Благоја Мучето“, „Тодор Чангов“, „Дете Татуличе“ и „Ѓорге Андреевиќ – Кун“, општина Аеродром.

Од осум до 13 часот, корисниците од ТС „Ванекс“, ТСДХЛ „Керамика“, ТС „Феликс“, ТС „Ролопласт“, ТС „РСЕ оптима“, ТС „Виор Белви“, ТС „Мотел Белви“, ТС „Бунар Белви“, ТС „Чеза комерц“, ТС „Интернационал фуд базар“, ТС „Мак петрол Белви“, „Бичишки комерц“, „Петро ком“ и „Каз груп“, општина Илинден. Во период од девет до 15 часот, корисниците на дел од улиците „11“, „1“, „5“ и „6“, Кадино, општина Илинден.

To top