Поради промена на шибер ф „100“ мм на булевар „Трета македонска бригада“ (кај Раде Кончар), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од овој булевар – Тинекс маркетот, фирмата Раде Кончар, Бензинска пумпа Окта и Американ Колеџ.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 10:00 часот до завршување на работите.