Поради дефект на приклучна цевка на ул. „Леринска“ 55а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.
ЈП Водовод и Kанализација-Скопје информираа дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09:10 часот до санирање на дефектот.
Без вода поради уличен дефект на ул. „Лазар Димитров“ бр.6, ќе бидат и корисниците на дел од оваа улица од бр.2 до бр.8 и дел од бул. „Србија“ (околу сервис Борче) од 09:15 часот.
Прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од ул. „Палмиро Тољати“ и дел од ул. „Маџари“ од 09:20 часот поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на ул. „Палмиро Тољати“ бр.12.