Корисници од трета зона Припор денеска од 9.30 часот ќе немаат вода поради уличен дефект ф-100 мм на улица „Христо Татарчев“ крак 37/бб (во близина на резервоарот) во општина Кисела Вода.
Како што информира ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.