Без вода денеска ќе останат дел од корисниците во општините Сопиште, Карпош, Сарај и Центар, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекинато водоснабдување поради уличен дефект ф 125 мм на ул.18 бб во Сопиште денеска ќе имаат корисниците од село Добри Дол. Прекинот ќе биде од 07:00 часот до завршување на дефектот.
Поради замена на затварачи од ф – 100 мм на ул. „Осло“ бр. 15Б , во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работата, без вода ќе останат дел од корисниците од улиците „Московска“ и „Женевска“, како и корисниците од улиците „Урош Џудовиќ“, „Љубица Ѓеоргиева“ и „Бањалучка“ во општина Карпош.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека поради реконструкција во пумпна станица Сарај, во периодот од 05:00 часот па се до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците од селата Сарај, Глумово, Арнакија и Матка во општина Сарај.
Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф – 150 мм на ул. „Рилски Конгрес“ бр.1 во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работите без вода ќе останат дел од корисниците од улиците „Партение Зографски“ и „Белградска“ во општина Центар.