Без вода денеска од 9:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“, „Рампо Левката“, „Дрезденска“ и Ученичкиот дом на Град Скопје „Здравко Цветковски“ – Скопје.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на три затворачи на улицата „Франклин Рузвелт“ број 37.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Поради технички причини, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од ул.Владимир Полежиновски и Мирче Оровчанец информираа од претпријатието.