Скопје

Без вода дел од населба Водно и клиниките Хематологија и Трансфузиологија

Без вода дел од населба Водно и клиниките Хематологија и Трансфузиологија

Од 15.55 часот се прекинува водоснабдувањето за дел од корисниците во населба Водно, поради скината цевка од страна на фирма на ул.„Партенија Зографски“ 31А во населбата.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, без вода ќе бидат корисниците од две куќи од истата улица, дел од ул. „Белградска“, прва зона Пржино и Хематологија и Трансфузиологија од Клиничкиот центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

To top