Поради водоводен уличен дефект од ф- 80мм на улица „Скоевска“ бр.1 во населба Радишани денеска без вода се корисниците од таа улица, зграда бр.1,3,5 и 7.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 11:40 часот и ќе трае се до завршување на активностите.