Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф150мм на бул. „Јане Сандански“ бр. 110, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од бул. „Јане Сандански“, од број 48 до 118, и улицата „Боемија“ во општина Аеродром.
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 7 часот до отстранување на дефектот.