Скопје Регионален центар за управување со кризи

Без струја утре делови од Петровец, Сопиште и Сарај

Од 09:30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од околината на бензинската пумпа „Макпетрол“, автопералната „Ветон“ и околината на Жито Алтан во општина Петровец, а од 08:30 до 13 часот корисниците од селото Крушопек во општина Сарај.

Без струја утре делови од Петровец, Сопиште и Сарај

Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија информира дека утре без струја ќе останат делови од Петровец, Сопиште и Сарај.

Од 09:30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од околината на бензинската пумпа „Макпетрол“, автопералната „Ветон“ и околината на Жито Алтан во општина Петровец, а од 08:30 до 13 часот корисниците од селото Крушопек во општина Сарај.

Во периодот од 09 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селото Зелениково и селото Вражале, а во периодот од 09 до 13 часот корисниците од дел од улицата 1, од „Давидоф“ кон Соње кај бр.130, во општина Сопиште.

To top