Без струја денеска од 9 до 12 часот ќе останат корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ Алуминка, потоа улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево и улицата „8“, како и дел од корисниците од улицата „12“ во село Долно Соње.
Од Регионалниот центар за управување со кризина на Град Скопје сопштија дека во периодот од 7 до 16 часот без електрична енегија ќе останат и корисниците од ул. „Мирослав Крлежа“ лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, од 8:30 до 13:40 часот, корисниците од улицата „Јустинијан Први“ лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани и во периодот од 11 до 15:30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска во општина Карпош.