Скопје

Без струја корисниците од неколку улици во општините Центар, Студеничани и Бутел

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од неколку улици во општините Центар, Студеничани и Бутел.

Во периодот од 08.30 до 11.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Загребска“ и околу црква Св. Јован Крстител во општина Центар.

Без струја во периодот од 11.00 до 12.00 часот, ќе бидат корисниците од улицата „Костурски Херои“ (29-ти ноември) бр.9 и 17., дел од ул. „9-ти Мај“, ул.„Петар Поп Арсов“ бр.18, и 14А, во општина Центар.

Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од село Морани, општина Студеничани.

Од ЕВН Македонија АД информираат дека без струја во периодот од 09.00 до 14.00 часот, ќе бидат корисниците од дел од Визбегово, фирми Мармарис, Ремзи Исаки и околните потрошувачи, општина Бутел.

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од ул.„Шарски Одред“, дел од ул.„Елисие Поповски-Марко“, дел од ул.„Водњанска“, кај пекара Св.Никола, ул.„Козара“, во општина Центар.

To top