Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Горно Оризари и каменоломот на „Гранит“ во општина Чучер Сандево.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа во Скопје.
Поради дефект ф-100 милиметри на улица „11 Октомври“ без број, кај ресторан „Ла Тераца“, од 8:30 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците во правец од ресторан „Пелистер“ до Триумфална порта и дел од ГТЦ.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.