Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 20.04.2024 година (Сабота), без електрична енергија ќе останат корисниците од општина Центар.
Во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од ул.Даме Груев, Центар кај Градски Ѕид зграда број 3- влез4, влез3, влез5,влез9, влез6,влез8 и влез7 (општина Центар), информираат од РУЦК-Скопје.