Скопје

Бети Стаменкоска Трајкоска: КУД „Китка“, амбасадори на македонската традиција

Со љубов и посветеност, генерации членови на КУД „Китка“ ја оживуваат македонската песна, оро и обичај. Тие се вистински амбасадори на нашата култура, кои преку секојдневно дружење и проби во Домот на културата во Драчево и преку нивните настапи и манифестации, ја пренесуваат традицијата од колено на колено, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска.

Бети Стаменкоска Трајкоска: КУД „Китка“, амбасадори на македонската традиција

-КУД „Китка“ – чувари на традицијата

Со љубов и посветеност, генерации членови на КУД „Китка“ ја оживуваат македонската песна, оро и обичај. Тие се вистински амбасадори на нашата култура, кои преку секојдневно дружење и проби во Домот на културата во Драчево и преку нивните настапи и манифестации, ја пренесуваат традицијата од колено на колено.

Истакнати поединци од нашата општина им помагаат, а една од нив е и македонската модна дизајнерка Ивана Кнез, која целосно посветено ја пренесува љубовта кон традицијата во современа уметност.

Ги посетив за да им се заблагодарам за нивната континуирана работа, посветеност и љубов кон македонската традиција, но и да поразговараме за предизвиците што следуваат, пишува Стаменкоска Трајкоска во својата објава.

Најнови вести од Скопје

To top