Автобусите од јавниот превоз утре поради државниот празник „Св. Климент Охридски“ ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопштуваат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
– Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу, се наведува во соопштението.