Град Скопје соопшти дека на 12 и на 13 јули (петок и сабота) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Градските власти апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.