Од Град Скопје известуваат дека поради временските услови традиционалната детска манифестација „Априлијада 2026“ ќе се одржи во ГТЦ кај дуќанот Бенетон.
Настанот започнува во 10:30 часот.
Во рамки на програмата, ќе има ревија на маскирани деца од градинки, ученици од основни училишта со танцови точки кои ќе ја збогатат атмосферата со динамични и ритмички кореографии.
Програмата ќе вклучи и настапи на балетската секција при Детскиот културен центар – Карпош пропратена од солисти – деца изведувачи, песните од ЗОО Азбука, балетското студио Бреак А Лег и Марбал и златните славејчиња.
„Театар за тебе“ ќе има своја изведба.
– Посебна атракција за посетителите ќе бидат настапите на кловнови, маскоти од познати цртани филмови како и пантомимичар, кои преку интерактивна забава и хумор ќе создадат вистинска карневалска атмосфера и ќе ја раздвижат публиката. За крај на програмата публиката ќе има можност да ужива во уникатната изведба на сегменти од познатиот детски мјузикл „Аладин волшебната ламба“ изведени на македонски јазик од студиото за деца и младинци Бродвеј јуниор, информираат од Град Скопје.
Манифестацијата свечено ќе ја отворат директорката на ЈУ Детски културен центар „Карпош“ Билјана Лалчевска Серафимовска и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, а настанот е наменет за деца, родители и пошироката јавност, а има за цел да ја поттикне детската креативност, уметничкиот израз и духот на сплотеност преку музика, танц, театар и хумор.