Во реонскиот парк со пригоден настан денеска го одбележавме 2 април-Денот на раѓање на македонскиот херој, нашиот патрон и великан Ѓорче Петров.
-Голема е честа да го славиме животот на историски личности кои оставија значаен печат во македонската историја. Посакувам неговата љубов кон Република Македонија на сите да ни биде инспирација во годините што доаѓаат. Тоа, ќе не однесе на добар пат да работиме во континуитет за подобрување на нашето секојдневие и условите за живот на локално, централно и регионално ниво, истакна градоначалникот Стојкоски.
Република Македонија е нашиот дом, Република Македонија е нашата света земја и мајка на сите нас и нема дилеми кога станува збор за сочувување на слободата на ова парче земја. Аманет ни е од Ѓорче Петров и другарите, македонските херои, да бидеме неуморни кога станува збор за доброто на нашата татковина. И тоа ќе остане за навек. Великаните ги поставија постулатите, ние само треба да ги следиме, додава Стојкоски.
Тој рече дека, неговите зборови ни се оставени на вечно чување, со аманет да не отстапуваме од нашите принципи и од желбата за борба. Ова се принципи и борби на модерното време. Урбано и модерно Ѓорче е нашата парола и за тоа се бориме во 21-виот век.
Во годините што доаѓаат, заеднички да придонесуваме за унапредување на нашата заедница. Промените се во твои раце. Доаѓа време на промени, време во кое ќе ја направиме Македонија повторно горда. Ќе го направиме Ѓорче гордо и секој еден човек ќе биде свој на своето!
-Нека е вечен споменот за хероите. Да живее слободно Ѓорче Петров! Да живее Република Македонија! – изјави градоначалникот.