Вести

Швајцарката Раст најбрза во слалом за прва победа во кариерата

Швајцарката Раст најбрза во слалом за прва победа во кариерата

Во отсуство на Микаела Шифрин, која се повреди на саботниот велеслалом, Камил Раст од Швајцарија победи на слаломот во Килингтон, САД. Ова е прва победа на 25-годишната Швајцарка.

Швеѓанката Ана Свен Ларсон и Швајцарката Венди Холденер го зазедоа второто место, со заостанување од 57 стотинки зад најдобрата.

Ова беше трет женски слалом сезонава. Во првите два (Леви во Финска и Гургл во Австрија), најбрза беше Американка беше Микаела Шифрин, но таа мораше да го пропушти денешниот поради последиците од падот на велеслаломската трка во саботата.

Најнови вести од Вести

To top