Вести Честитки

Се јави Заев, првпат по журката во Дубаи со Филипче

Претседателот на фондацијата „Заев“, Зоран, се јави со честитка за довчерашната сопартијка Радмила и назначувањето за заменик генерален секретар на НАТО.

Се јави Заев, првпат по журката во Дубаи со Филипче

Поранешниот премиер Зоран Заев, според самиот себе црпнат од нива, на социјалните мрежи и го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО, посочувајќи дека македонската дипломатија денеска добива круна.

-Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет, напиша Заев.

Тој додава дека ова било доказ дека Северна Македонија била исклучително важна членка на НАТО.

To top